Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Искра Хаџи Василева денеска ја презема функцијата од Ислам Абази

Искра Хаџи Василева денеска официјално треба да ја преземе раководната функција во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Примопредавањето на должноста од досегашниот раководител Ислам Абази е најавено во просториите на обвинителството.

По примопредавањето е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески, на која треба да се разговара за продолжувањето на работата на институцијата и тековните предмети. Хаџи Василева беше избрана на 28 октомври, кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.

Промената на раководството доаѓа во период кога борбата против организираниот криминал и корупцијата останува меѓу клучните прашања за правосудниот систем. Се очекува новата раководителка да ги претстави своите приоритети во работата, особено во делот на ефикасноста и постапувањето по сложените предмети.

Можеби ќе ве интересира

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН СОПРУГ ПРИВЕДЕН ВО СТРУМИЧКО ПО ПРИЈАВА ЗА НАСИЛСТВО – 62-годишник со 1,27 промили алкохол

ДЕСК

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

ДЕСК