Centar.mk
БИЗНИС

Германија има 472.000 отворени работни места – проверете кои се најбараните професии

Водоинсталатери и мајстори за греење и климатизација се најбарани професии во Германија и во ниту една друга бранша не треба толку време за пополнување на слободните работни места, покажала анализата за Федерална агенција и вработување.

Скоро две третини од сите слободни работни места во оваа бранша не се пополнети во просек од 200 дена, а потоа следуваат и негователи на постари лица со 199 дена, објави РТЛ.де, пренесува Вечерњи лист.

Според анализите постојат 472.000 слободни работни места. Потоа следуваат здравствените професии со 61.000 понуди за работа.

Сето тоа го чувствуваат граѓаните, во Баварската индустрија ова лето имало проблеми со возните редови на возовите затоа што недостигале возачи, а во цела земја има се повеќе вести за привремено затворање на болници поради недостаток на медицински сестри, а дури и недостатокот на лекари е се поголем.

Можеби ќе ве интересира

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +