10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Нови 43 градинки низ целата држава, зајакнување на кадарот и зголемени плати

Како одговорна партија СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование. Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој, соопшти СДСМ.

„Градинките се во: Василево, Гратско, Конче, Кривогаштани, Мл. Нагоричане, Куманово, Пробиштип, Чашка, Пласница, Каласлари, Кравари, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Зрновци, Прељубиште, Кавадарци, Бардовци, Козле, Новаци, Прилеп, Ресен, Ростуше и Чучер Сандево.

Центрите за ран детски развој се во Радовиш, Виница, Равен, Форино, Гајре, Тркање, Бродец. Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.

Градинките се во: Чешиново Облешево, Кондово, Корешница, Железара (Гази баба), Врапчиште, Јурумлери, Марена и Шуто Оризари.

Центрите за ран детски развој се во Кривогаштани, Бела Црква, Бистрица, Рача (Охрид) и село Бучим (Крушево). Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.

Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.

Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето-износ по вработен. Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет“, велат од партијата.