Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните тела за израдба на новиот Клинички

Министерот за здравство Венко Филипче ги повикува ВМРО ДПМНЕ да учествуваат во работните тела за изградба на новиот Клинички центар.

Како што се наведува, со желба за конструктивност за доброто на државата, министерот за здравство упатува јавен и отворен повик до опозициската партија ВМРО ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.
Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека се е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален Клинички центар за нивните потреби, се вели во повикот на Филипче.

„Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи“ вели министерот Филипче во својот јавен повик.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК