Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Тетово – Јажинце

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на регионалниот пат Тетово -Јажинце, помеѓу автомобил „поло“, управуван од Ф.Е.(19) од с.Пршовце и автомобил „голф“, управуван од М.Т.(34) од с.Пршовце.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил Ф.Е., а со телесни повреди се здобила М.Т., по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК