3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

По грабежот во Грција, Џиџи Хадид ја критикуваше земјата што живее од туризам

Моделите Џиџи (24) и Бела (22) Хадид неодамна ја шокираа јавноста откако признаа дека некој ги ограбил на грчкиот остров Миконос додека уживале на одмор.

По грабежот, Џиџи го критикуваше островот и на социјалната мрежа напиша: „Не дозволувајте Инстаграм да ве измами, тие нè ограбија. Никогаш нема да се вратам. Јас не би препорачала да одите таму, трошете ги парите на друго место.“

По нејзиното соопштение, Грците ја нападнале дека е непристојна затоа што ја „оцрнува“ земјата што живее од туризам. Еден од нејзините следбеници на „Инстаграм“ ѝ порача: „И Ким Кардашијан ја опљачкаа во Париз, па таа не им кажува на луѓето да не одат во Париз, затоа што има повеќе стил од тебе“.