13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бранко Героски смета дека можеби тој е еден од спомнатите од премиерот

Нема да дозволам неколку криминалци еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ова го рече денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за Рекет, а на оваа изјава, иако никој не го спомна сои име и презиме, бурно изреагира новинарот Бранко Героски.

– ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев, пишува Героски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.