Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило удри во ѕид, тројца повредени во Радовиш

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа во Радовиш. Според полицијата, синоќа во 18 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата ,,Чеде Филиповски Даме“ патничко моторно возило ,,лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, излетало од коловозот и удрило во ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК