Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загинал во сообраќајна несреќа во Италија, информира 24Инфо.

Несреќата се случила кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

Македонецот загинал на самото место на несреќата, а возачот М.В.(38), кој се здобил повреди, е приведен бидејќи пијан возел и ја предизвикал сообраќајката. Бекири починал, иако итната помош со масажа на срцето се обидувала да го одржат во живот до доаѓање на хеликоптерот со кој требало да биде пренесен во болница во Анкона.

Бекири бил роден во селото, а неговите родители пред околу 30 години се преселиле во Италија. Тие заедно со братот на Бекири биле во Македонија да го поминат летниот одмор каде и ја слушнала најлошата вест.

Според познаниците, Бекири вечерта се качил во автомобилот „алфа роео 147“ на М.В., кој денот го поминал пиејчи по кафеани во блискиот град, каде се сретнал со поиннатиот.Тој го повикал заедно да се вратат во Кастиџано, но возачот излетал од еден свиок и по произгувањето од 30-ина метри удрил во дрво.

По приведувањето М.В. имал 1,6 промили алкохол во крвта. Од друга страна, Бекири не бил пијан, ниту, пак, пиел често алкохол.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +