Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме

Времето утре претпладне ќе биде сончево и особено на југот ќе биде многу топло. Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер (над 70 км/час).

Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ= 9.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде 21, а максималната до 38 степени.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за 5 до 8 степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се во постепен пораст.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го погоди охридскиот регион

ДЕСК

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК