Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

УХМР издаде метео предупредување: Пеколни температури ќе ја зафатат Македонија од 41 степен, а потоа голема промена

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. И понатаму ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи.

Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Прогноза за 13.08.2019
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 35°С до 41°C
Сончево и многу топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. УВ=9

Прогноза за 14.08.2019
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 40°C
Сончево и многу топло. Попладне и кон крајот на денот облачноста на места ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Прогноза за 15.08.2019
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево со умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста на места ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +