Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонец платил казна од 1.500 евра, возел камен пијан во Дубровник

Хрватската полиција запрела 33-годишен државјанин на Северна Македонија на 6 август во еден и пол часот по полноќ на улицата Иво Војновиќ во Дубровник, јавуваат хрватските медиуми. На возачот му биле измерени 2,65 промили алкохол во крвта. Тој возел многу брзо низ улиците и не застанал на полициските сигнали, а немал ниту возачка дозвола.

Во контролите што минатата недела ги правела полицијата во Дубровник, нашиот државјанин бил шампион, со највисока изречена парична казна.

Општинскиот суд во Дубровник му изрекол парична казна од 1.500 евра плус уште 30-ина евра за судски трошоци, како и тримесечна забрана на управување возила од Б категорија.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК