Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Загина младо момче, многу повредени – Детали за трагедијата во Крива Паланка

Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14:15 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.

Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.

Повредените не се во животна опасност, имаат повреди на екстремитети и посекотини на лицето. Едниот од нив е однесен на опсервација на рентген дијагностика. Сите се задржани во кумановската болница.

На местото на несреќата биле и две амбулантни возила од кумановската Итна помош, како и три противпожарни возила од противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК