5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ бара итно забрзување на истрагата – Сите да одговараат, вклучително и тајкуните на режимот и ВМРО-ДПМНЕ

– Сега е клучен момент, борбата за правда што ја водиме 2 години, кога изградивме независни институции кои силно се борат против криминалот, да го зададе конечниот удар на неправдата, на криминалците, на нечесните, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку сосема спротивно.

Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран, рече Костадинов и додаде:

– Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите.

Граѓаните заслужија правда и правда мора да има.

Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски.

Било какви сценарија за спас на криминалците од затвор нема да успее, дециден е портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Ние сме тие кои се бориме за правда, градиме институции кои се борат против криминалот и корупцијата во интерес на граѓаните.

Ние сме, почитувани граѓани, тие кои повикуваме случајот да се расчисти до крај и секој да одговара, а премиерот Заев го пријави овој случај во надлежните институции.

Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Лицата кои се појавуваат на снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат во странски медиуми.

Тоа се шемите на Никола Груевски, заклучи Костадинов.

Спонзорирано: