Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Лицемерно е Заев да бара правда

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, изјави дека третото видео објавено во врска со случајот „Рекет“ целосно ги разголува премиерот Зоран Заев и обвинителката Катица Јанева.

Нема поголемо лицемерие, вели Јанушев од барањето на Заев правдата да излезе на виделина.

„Од снимките станува јасно дека Зоран Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи со цел да се прави пазар со правдата“, рече Јанушев.

Во врска со Јанева, тој искоментира дека од најновите снимки, секој може јасно да слушне колку Јанева разговарала официјално и колку таа била во комуникација само поради истрагата.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од сите инволвирани во случајот и итни предвремени парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК