Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во пожарот во Струмица настрада возило на судот и предмети од судски процеси

Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица извршил увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар.

Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.

,,Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот”, соопшти обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК