Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов “распали” по Христијан Мицкоски: Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките разговарал лично Мицкоски?

Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?, праша Костадин Костадинов од СДСМ.

-Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?

Кога се случиле ваквите разговори? Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?

Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе. Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот ќе стигне од друго место, додаде Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК