5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее, Мицкоски да одговори за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките!

Интегрално ја објавуваме прес конференцијата на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ:

Почитувани граѓани, нема правда, нема мир!

Од ова начело СДСМ никогаш нема да отстапи.

Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија.

Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај.

Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси.

Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија.

Јавноста има право да ја знае вистината.

Се што се случува вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио.

Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија.

Спонзорирано: