18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јавното обвинителство има цврсти докази за “Рекет”- Објавувањето на видеата е само неуспешен обид на мафијашки структури да ја дискредитираат власта, да го блокираат случајот Рекет и да го урнат СЈО

Јавното обвинителство има цврсти докази за случајот “Рекет”, дознава Centar.mk, а според познавачите епилоготот од објавување на видео снимки кои треба да бидат доказ е обид за да пропадне истрагата за овој случај, а со цел да се спасат видни ликови осомничени во случајот.

Сепак сето ова е неуспешен обид на криминалното подземје да ги сруши институциите, а посебно Специјалното Обвинителство.

Познавачите велат дека таргетот не е Катица Јанева, која е личност која доколку се огрешила како и секој би требало да одговара, туку ова е обид за рушење на Специајлното Јавно Обвинителство кое води серија истраги кои допираат одредени луѓе осомничени за тешки мафијашки зделки за време на режимот.

Објавувањето на видео снимките нема да пречи на истрагата за Рекет, велат познавачите, кои гледаат обид снимките кои наместо да бидат доказ во евентуален обвинителен случај за Рекет, да станат неупотребиливи, а со тоа да се спасат одредени лица од гонење.

Интересно е што снимките ги објавува италијански весник, кој се прокламира како десничарски, и често врши дискредитација на про-европските структури, а истите тие снимки ги споделија медиуми на опозициската партија, која пак е опфатена во скандалозното обвинение на СЈО и целиот имот на таа партија е замрзнат, а обвинението е одобрено од судот, за што наскоро ќе има судење.

Спонзорирано: