11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Како се прави криминал со земјоделско земјиште, Цветан Трипуновски треба да праша во белиот дворец

ВМРО-ДПМНЕ по навика е против секоја мерка што има за цел да го унапреди земјоделството, да обезбеди економски раст и повеќе пари во секое семејство. Навикната на криминали, ВМРО-ДПМНЕ во се гледа потенцијални незаконски активности, соопшти СДСМ.

„Како се прави криминал со земјоделско земјиште, Цветан Трипуновски треба да праша во белиот дворец, кога белосветскиот измамник Субрата Рој од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби над 5.000 хектари земјиште на комбинатот „Џумајлија“ и излажа дека ќе донесе 20.000 крави и ќе вработи над 900 луѓе.

Измените на Законот за земјоделско земјиште, конечно овозможуваат правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Со измените кои се однесуваат на изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, значително ќе се поттикне руралниот и локалниот економски развој, како и поголема искористеност на средствата од ИПАРД Програмата.

Законот, истовремено обезбедува можност за окрупнување на обработливите површини и до 10 хектари, што е предуслов за зголемен обем на производство на квалитетни земјоделски производи.

Со измените се создаваат услови за мотивирање на младите земјоделци до 40 години кои ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот, а се решава и долгогодишниот проблем на одгледувачите на пчели со недостиг на површини за поставување на пчелни семејства.

Ова се само дел од мерките во Законот за земјоделско земјиште кои носат придобивки за земјоделците и земјоделството, а кои ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги види.

После се она што 11 години им го правеше на земјоделсците, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата во аграрот. СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците.

Спонзорирано: