23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Агендата на Мицкоски

Како што тргнала работата, овие денови треба да очекуваме Мицкоски да излезе на прес конференција со барање изборите да се одложат и да се одржат најмалку една година подоцна од редовниот термин, пишува Џабир Дерала во својата колумна на Civilmedia.mk.

Не знам каков му е третманот по дома, но сигурно е дека надвор од шампитата веќе никој нормален не би требало да си дозволи луксуз да го сфати сериозно кога ќе се истопори на партиската говорница. Бескрајните тиради со квалификации што отсекогаш важеле само за неговата партија и неговиот шеф, одамна станаа здодевни. Добро де, политичарите го третираат како партнер во политичкиот дијалог, како фактор, како… нема врска, и онака во политиката ништо не е нормално… Веројатно, политичарите како Мицкоски дома ги третираат неспоредливо полошо отколку што ги третира владејачката партија. Кутрите, веројатно затоа се постојано пред говорница, да го добијат вниманието што им недостасува…

Навистина, азилантот од Будимпешта, кого неговиот кум сакаше да го тресне со телефонот, а неговата најблиска соработничка, министерката на МВРО, го нарече кукавица кога избега, има многу лош играч на домашниот терен. Не дека и самиот беше некој политички гениј, напротив (!), но овој што го постави е чисто промашување. Посоодветен шеф на партија ќе им беше некој од десната лева патика, пардон, партија…

Сеедно што се случува, без оглед на времето што брзо им изминува на сите, како да го удрила сончаница, со изгубен компас, Мицкоски го чита истиот текст од пред претседателските избори – бара предвремени избори. Веројатно сите во неговата партија, освен него, се свесни дека за предвремени избори ниту има услови, а ниту потреба, барем не врз основа на неговите аргументи. Ова – „барем не врз основа на неговите аргументи“ е особено важно. Поточно, било кој друг во земјава да побара предвремени избори има повеќе аргументи, отколку Мицкоски.

Агендата на Мицкоски е кратка и јасна – спас на Фамилијата, а по можност, како бонус, враќање на старите добри времиња на криминално владеење. За бонусот, тој нема капацитет да го избоксува, тоа попрво ќе биде последица на поинакви операции, а не на политичкиот успех на вакво вемеро, со вакво водство.

Целата колумна погледнете ја на следниот линк.