Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Прилеп – Осум лица веднаш пренесени во затвор

Денеска Криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции при МВР, во координација и соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС-Прилеп, а по претходно изготвен план, спроведоа оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп. Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи. Oд слобода се лишени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп; Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп; А.А. (37) седуммесечна казна во КПУ Идризово; С.М. (37) едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна – КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК