Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во жена на паркинг во Куманово

Автомобил управуван од 51-годишниот И.Ј. од село Лојане о.Липково удрил во 75-годишна жена од Куманово.

МВР соопшти дека несреќата се случила вчера во 12,45 часот на паркинг простор на булеварот „Октомвриска револуција“.

Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК