Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: ВМРО е темелот на Илинден

ВМРО е темелот на Илинден, составен дел од таа борба за слобода и затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од село Ташмаруништа, Струга.

Тој рече дека секогаш кога ќе се спомене Илинден треба да се има во предвид дека Илинден не е почетокот, туку влегувањето во финишот на една вековна борба за слобода, каде многу генерации херои и хероини ги положиле своите животи.

„Илинден не само Крушевското востание туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот на секоја педа македонска почва“, рече Мицкоски.

Тој ги спомена и Гоце Делчев, Даме Груев, Татарчев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Методиј Патчев, Ченто, Пирузе, Панко, Апостолски, за кои рече дека се македонски синови од кои не смееме и немаме историско право да се одречеме ниту да го посрамотиме нивното дело.

„Илинден е и потсетник дека не смееме да скршнеме од патот натопен со крв на хероите кои ги положија животите. Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме и за која постојано треба да се бориме. Илинден и последниот здив на комитетите и партизаните кои гинејќи за каузата беа верни на делото Смрт Или Слобода“, истакна Мицкоски.

Во политичкиот дел од говорот, тој зборуваше за Зоран Заев упатувајќи низа обвинувања за политиките предводени од власта, а се осврна и на случајот „Рекет“. Мицкоски подвлече дека СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење на неправда.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК