Centar.mk
БИЗНИС

Рекорден пад на продажбата на пиво во Германија

Продажбата на пиво во Германија падна на 4,6 милијарди литри во првата половина од годинава, што е рекордна бројка, соопшти денес Федералниот завод за статистика.

Производителите на пиво веруваат дека падот на продажбата од 2,7 проценти во однос на истиот период минатата година е резултат на постудените температури во мај и зголемената продажба лани во јуни на почетокот на Светското фудбалско првенство.

Пивата помешани со освежителни пијалаци, кои сочинуваат пет проценти од вкупната продажба, забележалуваат помал пад од 1,5 процент. Сè попопуларните пива без алкохол не се вклучени во статистиката.

Можеби ќе ве интересира

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +

Германија трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст

C +

Трамп потпиша указ за нови царини од 10 проценти на глобално ниво

C +