Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Калеска-Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат под директива на Груевски

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски туку работат по негови директиви, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ, на прес-конференција.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните по национална, верска и партиска основа. Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното според медиумските и новинарските слободи. ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и националните интереси. Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес“, рече Ванчева.

Таа додаде дека до ден-денес Никола Груевски од Будимпешта сè уште повикува на пресметки и на пресретнување во темни улички.

„Сè уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11-годишно владеење. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сè уште седат во белиот дворец, кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување“, додаде Ванчева.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК