Centar.mk
БИЗНИС

И Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ скенира фискални сметки преку проектот “Мој ДДВ”

Денеска во Битола, се приклучив на проектот #МојДДВ, мерка што ги враќа парите кај граѓаните и има за цел да ја намали сивата економија, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

– Реализацијата на проектот дава одлични резултати. Според официјалните податоци, заклучно со вчера граѓаните оствариле поврат од над 930 илјади евра, скенирајќи скоро 7 милиони фискални сметки со промет од 3,5 милијарди денари.

Ги охрабрувам сите граѓани да се вклучат во овој проект, затоа што на тој начин добиваат приход плус на крајот на годината, а истовремено учествуваат во намалување на даночната евазија, рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен

ДЕСК

Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата за најтранспарентна компанија на Македонската берза

ДЕСК

Сè поскапо, а парите сè помалку: како работниците ќе ги турнат празниците

ДЕСК