Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес вечерва почувствуван во Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, чиј епицентар бил во Грција, е почувствуван вечерва во Гевгелија и околината.

–Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 200 km југоисточно од Скопје и потекнува соседна Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти вечерва Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК