Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

(Видео) Локвенец: Извештајот на СТО потврди дека економијата расте

Најновиот извештај на Светската трговска организација каде се констатира огромен економски напредок, е уште една потврда за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи, рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

„Пред само две години, во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, преку успешните економски политики, растот на Брутодомашниот производ изнесува 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. Денес, реалниот сектор е носител на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува нивната продуктивност и конкурентност на домашните и странските пазари. Бруто инвестициите, во првиот квартал растат за 9,9 процентни поени“, рече тој.

Во изминатиот период, додаде Локвенец, политиките на Владата го следеа и учествуваа во растот на економските параметри. Како што кажа, во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добиле поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплатила 40,7 милиони евра.

„Континуирано растат, платите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година. Паралелно со растот на платите, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор. Но не застануваме тука. Во периодот пред нас следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница, над една милијарда евра за енергетика“, рече Локвенец.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК