Повеке пријатели деновиве ми пишуваат зошто не коментирам нешто за скандалите што се случуваат кај нас. Од шпанската серија со комичарите која ако самите не ја прекинеа, ќе траела вечно, реку милионскиот рекет (ни прв ни последен и е рекетот), па потоа несмасното криење на клучните лица во врвот на власта, од страв да не се дојде ептен до нејзиниот врв. Ова денеска го напиша бегалецот Никола Груевски во статус на социјалната мрежа Фејсбук кој го пренесуваме во целост:
– Повеќе пријатели деновиве ми пишуваат зошто не коментирам нешто за скандалите што се случуваат кај нас. Од шпанската серија со комичарите која ако самите не ја прекинеа, ќе траела вечно, преку милионскиот рекетна цела таа екипа (ни прв ни последен и е рекетот) па потоа несмасното криење на клучните лица во врвот на власта од страв да не се дојде ептен до нејзиниот врв, интервјуто на грчката телевизија дека сме краделе тугѓ историја и самопосипување со кофа полна со …., прогласувањето дека сме биле Бугари до 1944 година, јавното признавање дека бомбите си ги крател и монтирал, па дека барал од ЕУ да му дозволи набрзина си назначи едно 200 нови судии без школо,, наместо академија некој скратен курс, додека не е паднат од власт, да му се најдат, па се до најавата за зголемувања плати, пензии, социјални помошти и субвенции на неколку месеци пред избори како и лажната најавата за 5 милијарди инвестиции. Како да сме во првата половина на деведесетите, како да овие мислат дека народот не станал поискусен и позрел, во овие речиси три децении независност, па вакви локални измамници и паљачовци ќе го “купат и превеслаат” и ќе му го “свртат умот” со излитени и одамна видени трикови кои не поминуваат веке ни кај децата.
Па потоа ги слушам некои новинари “мртви сериозни” го прашуваат “другарот на Порошенко” која е книгата во која тој нешто таму прочитал што му ја спомна во трлефонскиот разговор на “Порошенко”, а сигурен сум дека им е јасно дека е застанат со таа работа некаде кај Зоки-Поки…
Секој втор ден нова афера, нов скандал. Ако си немаш друга работа, коментирај си.
А што да коментирам кога тие кои мене ме навредуваа и омаловажуваа, а Заев го глорифицираа и величеа♂️, кои полудуваа од хистерија зошто Заев не ме затворил ден порано, сега јавно во медиумите кажуваат дека се чуствуваат за “глупачи” и “идиоти”(цитирано од самите нив).
Си даваат откази од медиуми, се правдаат дека не брцнале кеш во плико од рекетот, а сите знаат дека не му ја мислеле… . Или пак некои избезумено јавно бараат нивниот пулен веќе да си ја затне устата и да мисли што збори… (пак цитирано). Му држат јавно часови по историја и бараат да си оди и да не ги брука веќе, да не и штети на државата и на македонскиот народ…
Што јас да додадам на тоа…?!
Што да кажам сега за СЈО кога тие што го бранеа, додека во овие две години кажував како лично гледам во судот колку противзаконски, партиски мотивирано и насилнички постапува “строејќи” ги и судиите, сега викаат дека треба ден порано да го нема? Да не им е веќе пред очи. Што да коментирам за тие кои сакаа неправедно да ме затворат, заради криминалот кој го правеле додека ме прогонуваа и се изживуваа со мене и со многу други, сега се тресат на секој шум … да не дошле по нив… и така искомпромитирани и контаминирани се оградуваат од самите себе♀️♂️.
Да се објаснувам сега со давеникот Заев кој со секоја изјава самиот се “дозакопува во жива кал”, дека додека јас бев премиер НИТУ ЕДЕН учебник по историја во Република Македонија не се смени и последното менување и правење учебници по историја е од времето на СДСМ? Таму де, каде пишува се за Александар, Филип, Аминта Трети, за Гоце, Даме, Јане, …и остантите “украдени” од “украдената историја”. Ени ги, авторите и академиците кои низ своите јавни настапи многу помогнаа Заев да стане премиер. Сами му одговараат на Заев, бараат да престане да и прави штета на државата, му објснуваат дека Македонија има свој дел од античката историја, дека го руши тоа што со децении науката го градела, дека е пироман и дека ја води Македонија кон бездна…, кажете ми, што јас да додадам повеќе од нив?
Понекогаш ми доаѓа да фатам да го бранам: “луѓе, па јас навреме ви кажав дека мора да ја “свиткаме кичмата”, дека на СДСМ не им личи да бидат патриоти, ви кажав и дека живи луге ќе јадам, ме чувте на едно видео и како кажувам дека со странски служби соработувам, праќав и пораки кои ги видовте дека однадвор ме спремаат…знаевте се за мене…знаевте и дека после обвинението за “Глобал”, согласно Законот за легализација на диви градби уредно се поднесе барање до општината и како градоначалник си го легализирав Глобал и така потврдив дека било дивоградба, ене го, блеска, како економијата и инвестициите… Јас навреме ви се претставив… Ви се извинувам до небо ако не сум бил доволно јасен…”.
Но, не е сам. Опкружен е со забавни ликови “кои не се мешаат во својата работа” од типот на градоначалникот Петре кој тунелот под Кале, или мостот или трамвајот не ги ни почна♂️, ама најави дека преку (се разбира фингирана) анкета, ќе ги менувале имињата на улиците во Скопје бидејќи многу имиња на улици не ја одразувале нашата реална историја (што не е правило при именување улици), па во истата реченица потенцирајки дека улицата “Петре Пиризе Мајски” требало да се замени со старото име “Мексичка”.
Дали градоначалникот Петре пак ги помеша брзините па македонскиот комунист, учесник во НОБ и прв повереник (министер) за правосудство на федерална Македонија кој подоцна е затворен на Голи Оток, но и рехабилитиран во 1966г. и кој ја поддржувал идејата за обединување на Македонија во рамки на југословенската федерација или во состав на можна идна (во тоа време) Балканска федерација, го избриша од Македонската историја или пак е нешто друго, е нејасно, но јасно свативме дека “Петреке го менува и ќе го брише Петре”.
Овој денешниот Петре на кого пред некој месец му свиреше цел плоштад народ ќе го бришел командантот на Втората оперативна зона и раководител на Народноослободителната и антифашистичката борба во западниот дел на Македонија, кој бил и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и во октомври 1943 година бил еден од потписниците на Манифестот на главниот штаб. Пирузе бил член и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Петре Пирузе Мајски бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ на кое бил избран во неговиот Президиум. За разлика од Петре кој една нова улица не изгради во Скопје, историчарите запишале дека: “Петре Пирузе Мајски бил напреден народен трибун во секој поглед, кроток човек на кого можело да му се верува и насекаде привлекувал нови борци. Него го сакале сите, децата, младинците и старците и луѓето се радувале при секоја средба со него. Повеќе пати, во миговите на восхит и воодушевување, дури и го носеле на раце”.
Нашиот денешен Петре заедно со неговиот шеф Зоки не дај боже да им паднат на луѓето во раце во некоја темна уличка…
Прекарот на Петре Пирузе значел свежина, новина, раѓање, будење, цутење, радост, име пренесувано од уста на уста, од човек на човек.
Во негова чест е испеана песната „Топови грмат, земјата трештит“… Е тој Петре, нашиов Петре ке го бришел оти улицата му била во маало
И со многу мака но на моменти и со по некој духовит коментар на нашите трагични случувања ги слушам сите што сега коментираат, а што порано “хистеришеа” по мене на сите овие теми и си велам: баравте-гледајте, напиша Груевски.
За потсетување, поранешниот премиер кој е во бегство, неодамна беше изведен пред Судот во Будимпешта кој го одби барањето на Министерството за правда за негова екстрадиција.