Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

За една недела казнети 289 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во изминатите седум дена санкционирале 289 возачи за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 22.07. до 28.07., со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор’ санкционирани се 154 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.

Од таму велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК