Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран

Економијата тоне, а се помалку пари има кај граѓаните и бизнисмените, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека фирмите уплатиле 1/3 помалку данок на добивка во вториот квартал 2019, во однос на истиот квартал лани.

„Бизнисот е закован на дното. Покрај од лошите економски политики, стопанството страда и од рекетот кој го врши власта на чело со Заев. Не може да има раст, кога Криминалниот октопод на власта, на чие чело е Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран. Нема граѓанин кој не е понижен“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека граѓаните се во страв, бидејќи од затвор се пуштаат убијци и тешки криминалци, а во затвор завршуваат граѓани за сторен прекршок кога немаат пари да си ја платат казната.

За да се рзреши ваквата ситуација, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека неопходини се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК