Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство ја потресе Македонија: Маж пронајден задавен

Седумдесет и петгодишен маж бил пронајден мртов во неговата семејна куќа во селото Црвевци, Кичевско. Од обвинителството соопштија дека мажот во куќата живеел сам, а од обдукцијата произлегло дека тој бил задавен.

„Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење. Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде што е извршено кривичното дело“, соопштија од обвинителството.

Од МВР потврдуваат дека кај починатиот имало видливи повреди и велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК