23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против мерката зелена нафта, со која 200 милиони денари завршуваат кај земјоделците

Научена само на земање, ВМРО-ДПМНЕ е против мерката зелена нафта, со која 200 милиони денари завршуваат кај земјоделците, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа мерка е неефективна.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што не покажа никаква грижа за земјоделците туку постојано ги малтретира, ги уценуваше и ги манипулира, а денес е против тоа повеќе пари да завршуваат во земјоделските семејства. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што парите не завршуваат во белиот дворец, туку се враќаат назад кај граѓните. Во ВМРО-ДПМНЕ знаат само за земање од граѓаните. Затоа, опозициската партија е против мерката зелена нафта, затоа е против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните“, велат од партијата.

СДСМ наведува дека со мерката зелена нафта 200 милиони денари ќе завршат назад кај земјоделците. Со тоа ќе се намалат производствените трошоци, производството ќе стане поконкурентно, а повеќе пари ќе останат кај земјоделците.

„ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството,ж затоа што успешноста на земјоделските политики на Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство давааат реални резултати и се во интерес на земјоделците и развојот на земјоделството“, се вели во реакцијата.