Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за вработена во Секторот за урбанизам во општина Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (67) од Охрид за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Како што соопшти МВР, во период од октомври до декември 2016 година пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти.

Таа без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на Л.Б., со што овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК