Centar.mk
БИЗНИС

ВМРО-ДПМНЕ: Од мерката „Мој ДДВ“ најголема корист ќе имаат најбогатите

Македонската економија го допре дното откако СДСМ дојде на власт. Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа Влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерката „Мој ДДВ“ не е наменета за сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.

Ако навистина оваа Влада се грижи за граѓаните на Република Македонија најмалку што можат да направат е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции.

На граѓаните не им се потребни популистички мерки туку реални. А, со СДСМ граѓаните само осиромашуваат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремени парламентарни избори ќе започне реализација на реални мерки кои ќе допридонесат за доброто на Македонија и граѓаните“ се наведува во реакцијата на опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК