Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Почнува исплатата на средства за произведена и продадена риба

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија.

Станува збор за исплата на средства за корисници на мерката „Финансиска поддршка за произведена и продадена риба на пазарот“ која се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Оваа финансиската поддршка им следува на сите субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период немаат увезено жива риба.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека поддршката се доделува скалесто во зависност од капацитетот на рибникот и продадена риба.

„Рибниците кои произвеле и продале до 25 илјади килиограми риба добија 100 отсто субвенција од 20 денари за продадена риба. Субјектите, пак, кои произвеле и продале од 25.000 до 50.000 килограми им е исплатена 75% субвенција за 20 денари продадена риба, додека пак оние субјекти кои имаат до 100.000 килограми субвенцијата изнесува 50% од 20 денари продадена риба. 25% субвенција следува на оние субјекти кои имаат произведено и продадено над 100.000 килограми“, изјави Бабовски.

За да се искористат средствата од оваа мерка, апликантите треба да се регистрирани за дејност аквакултура и да се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба.

Можеби ќе ве интересира

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

ДЕСК

Дали ќе се помести старосната граница за пензионирање во Македонија на 67 години?

ДЕСК

Познато е кога ќе бидат исплатени октомвриските пензии

ДЕСК