13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Рикер во Битола ја претстави новата американска амбасадорка во земјава

Во посета на општина Битола денес престојуваше висока делегација од САД и Амбасадата на САД во нашата земја, предводена од Филип Рикер, вршител на должност помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Како што информираат од Општина Битола, на средбата во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска присуствувале и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел, Шенон Рунион.

Рикер изразил задоволство што повторно има можност да ја посети Битола и да ја претстави новата амбасадорка на САД.

На средбата со градоначалничката на Битола се разговарало за актуелната состојба во градот и државата.

„Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава“, истакнал Рикер.

Петровска ги посочила заложбите за натамошна соработка и се заблагодарила за поддршката која, како што рекла, Битола секогаш ја добива од страна на САД.

Филип Рикер во текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +