3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат забелешки ќе поднесат амандмани.

Новиот предлог-закон предвидува специјалното јавно обвинителство да премине во државното како Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Рускска. Новото обвинителство ќе треба да има и свој буџет што нема да зависи од Владата и парламентот. Во него ќе преминат и сите обвинители и истражители кои сега работат во СЈО.

Од ВМРО-ДПМНЕ викендов се изјаснија дека за нив е е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Рускоска, на што од СДСМ возвратија дека тоа е алиби за неприфаќање на новиот закон.

„Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог-законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

Од Министерството за правда очекуваат поддршка од сите пратеници, но велат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, истакнуваат од Министерството за правда.

Премиерот Заев минатата недела посочи дека е потребно законот да се донесе летово, а најдобро е овој месец, бидејќи прашањето не смее да се пролонгира со оглед на тоа што очекуваме датум за преговори. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Спонзорирано: