Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кавадарчанец со автомобил излетал од патот и удрил во дрво

Педесет и петгодишен кавадарчанец со автомобил излетал од патот кај градските гробишта во Кавадарци и удрил во дрво. Тој со тешки повреди е пренесен во болница, а засега не се познати причините за несреќата.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново, кај градските гробишта, кога К.Г.(55) од Кавадарци, со возило „ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК