14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Државата е во политичка криза, Заев е главниот виновник ако не добиеме датум за преговори

Владеењето на Зоран Заев и она што се случува додека е тој премиер е еден вид на политичка криза, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, запрашан дали опозициската партија ќе чувствува одговорност доколку поради неусвојувањето на законот за Јавно обвинителство, пропадне шансата за датум за преговори со ЕУ во октомври и земјата западне во криза.

„Оваа афера на рекетирање е самa по себе политичка криза позади која што стои Зоран Заев и неговото раководство. Да бидеме реални таму се вклучени луѓе кои што требаше на еден начин да го расчистат криминалот кој што говореа дека го има во Република Македонија“, рече Арсовски.

Според него, единствен виновник доколку земјата не добие датум за преговори во октомври, ќе биде Зоран Заев затоа што, како што кажа, во моментов тој е на чело на Владата и на партијата од каде што никнува најголемата афера за рекетирање во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.