18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

„Хеленик петролеум“ преговара со Владата за решавање на спорот во кој бара над 32 милиони долари

Грчката компанија „Хеленик петролеум“ соопшти дека води разговори со македонската Влада и дека се отворени за изнаоѓање спогодбено решение за спорот, поради кој минатата година поднесе тужба во Меѓународниот суд против Република Северна Македонија и по кој бара отштета 32,6 милиони долари.

„Групацијата ‘Хеленик петролеум’ покрена арбитражна постапка против владата на Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари отштета, што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек“, рече еден од менаџерите на компанијата, Џорџ Алексопулос.

Во однос на прашањето што се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, Алексопулос вели дека имаат контакти со македонската Влада во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од преспанскиот договор.

Спонзорирано: