Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трактор и камион се судрија кај селото Дебреште, има повредени

Вчера напладне на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за селото Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од селото Дебреште и камион со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

МВР јави дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Можеби ќе ве интересира

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ И ДОЖД – Еве какво време нè очекува денеска, 3 ноември

ДЕСК

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК