Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Треба да сме малку горди, граѓаните и државата создадоа механизми и жесток отпор против корупцијата

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник на премиерот Зоран Заев:

Од вчера имаме очигледен пример дека граѓаните и државата изградија систем, спрега меѓу институциите која не дозволува поединци да си играат со законите и при тоа да остануваат со децении незабележани и неказнети. Тоа време заврши.

Ете ја истрагата, поради таа истрага треба да сме барем малку горди, бидејќи е видливо дека сме создале механизми на борба против корупцијата. Ваквите случаи заедно со работата на новата Антикорупциска комисија се потврда дека наспроти разочарувањата од поединци, треба да сме уверени дека сите заедно сме создале жесток отпор кон корупцијата.

Гласните граѓани, респонзивните институции, гласните медиуми и неселективноста во постапките ќе носат уште повеќе правда.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК