Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и посвежо, со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со појава на краткотраен слаб до умерен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

В среда и в четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +