Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Моторџија повреден во сообраќајна незгода во Прилепско

17-годишно момче е повредено во сообраќајна несреќа во Прилепско. Според полицијата, вчера во 9.15 часот на крстосницата од улиците Филип Втори и Гоце Делчев во с. Кривогаштани, Прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т. К. (59) од село Кривогаштани и мотоцикл „јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф. Н. (17) од село Свето Митрани, Прилепско.

Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот Ф. Н. и бил пренесен во Градската болница во Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

ДЕСК