Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски: За разлика од минатото кога криминалот беше легализиран, постоеше неказнивост и недопирливост на високи функциониери кои се шетаа по разни балови, сега сите се еднакви пред законот и ќе одговараат за постапките

Фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски:

Правна држава и владеење на правото се врвот на нашите приоритети.

Со последните случувања, се докажува дека независен правосуден систем и неселективната правда се возможни во нашата Република Северна Македонија. Тоа е показател дека државата и системот созреваат.

Никој не може и никој не смее да си дозволи да биде над Уставот, Законот и институциите.

За разлика од минатото кога криминалот беше легализиран, постоеше неказнивост и недопирливост на високи функциониери кои се шетаа по разни балови и каде не можеше да се замисли одговорност за било каква злоупотреба на моќ, сега имаме институции кои целосно функционираат и независно од тоа кој е, каков е, сите се еднакви пред законот и ќе одговараат за своите постапки!

Во ниту еден момент не се поколебавме и ниту еднаш не се посомневавме во правецот каде сакавме и сакаме да се движи земјава. И покрај сите притисоци и закани опстанавме во идејата за просперитетна држава.

Се боревме за правна држава и продолжуваме да се бориме за изградба на систем во кој граѓаните веруваат и се чувствуваат заштитени.

Борбата продолжува!

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК