Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јадранка Костова се повлече од тимот на 1ТВ

Новинарката Јадранка Костова најави дека се повлекува од тимот на 1ТВ, односно дека нејзиниот авторски договор и завршил со интервјуто на уапсениот Боки 13, пренесува Независен.мк.

Новинарката истакнала дека околу две до три недели воопшти не оди во телевизијата и нема никаков контакт со тамошната екипа.

-Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со авторски договор. Ја правев емисијата во петок и само во петок се појавував во телевизијата, изјави Костова за Независен.

Таа истакна дека и од претходно сакала да се откаже од ангажманот во оваа телевизија, но дека сега тој и официјално е завршен.

-Со оглед на годините, премногу ми беше и емисијата во „1 ТВ“. Сакав да се откажам и претходно, но со интервјуто на Јовановски заврши и мојот ангажман во телевизијата – додава Костова.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК