Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски не може да се испере, неговото обезбедување го уби Нешковски а Јанкуловска го криеше

– Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела.

Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?, праша Костадин Ацевски, од СДСМ.

– Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај.

Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае.

Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување!

Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски, порача Ацевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК