Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НЕ Е АРНО: Демографската слика станува сè позагрижувачка – Повеќе смртни случаи отколку раѓања во 2025 година

Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја.

Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39.8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63.6 %, а 7 385 лица или 36.4 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 37, додека во селските подрачја умреле 25 доенчиња.

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 367 лица, a во селските подрачја -1 070 лица.

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 5 782 или 55.0 %, наспроти 4 725 бракови или 45.0 % во селските подрачја.

Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 438 или 65.8 %, додека во селските подрачја има 747 разводи или 34.2 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 34.9 % имаат преселбите од село во град, а Североисточниот Регион има најголемо учество со 47.4 %. Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 50.9 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 3 877 лица, а најмало во Североисточниот Регион, односно 40 лица.